„Фармација обединета во акција за поздрав свет“ е темата на Светскиот ден на фармацевтите на 25 септември оваа година, според Меѓународната фармацевтска федерација (ФИП).
Кампањата за Светскиот ден на фармацевтите се води секоја година и дава можност за промовирање на професијата фармацевт. Темата на кампањата за оваа година е со цел да го прикаже позитивното влијание на фармацијата врз здравјето ширум светот и дополнително да ја зајакне солидарноста меѓу професијата.
„Целта за одржлив развој на Обединетите нации број 3 поставува голем број здравствени цели, вклучително и за незаразни болести (како што се кардиоваскуларни болести, рак, дијабетес, хронични респираторни заболувања и ментално здравје) и заразни болести (на пример, ХИВ, туберкулоза и запоставени тропски болести). Видовме подобрувања во многу од овие области и нашата професија треба да се гордее и да го објави својот придонес“, рече претседателот на ФИП, г-дин Доминик Џордан.
ФИП ги охрабрува сите сектори од професијата да го користат Светскиот ден на фармацевтите и Светската недела на фармацевтите (која ќе трае од 19 до 25 септември) за да споделат како нивните постапки резултирале со подобро здравје, а со тоа да се пренесе вредноста на фармацијата.
„Основната должност на секој фармацевт е да ги примени целосно своите знаења и способности за поддршка на здравјето и благосостојбата. Ги поканувам сите колеги да учествуваат во кампањата оваа година и да му покажеме на светот како нашата професија е обединета за здравје, без оглед на и надминување на конфликти, различни политики и култури и економски разлики“.