
Легнување
Според податоците на Советот за спиење од 2019 година, најпопуларното време за легнување е некаде помеѓу 22 и 23 часот. Сепак, приближно една третина од луѓето остануваат будни до полноќ, а 18% легнуваат да спијат по полноќ.
Истражувањето спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон во мај 2021 година откри дека националните навики за спиење биле сериозно погодени од карантинот што беше воведен кон крајот на март, со цел да се запре ширењето на коронавирусот. На пример, двајца од петмина испитаници (39%) рекле дека во просек спијат помалку часови ноќе во споредба со периодот пред карантинот. Голема е веројатноста дека промената на условите за работа и неможноста да се оди на работа предизвикале големи промени кога станува збор за спиењето.

Периодот од 22 до 23 часот е идеално време затоа што тогаш температурата на телото и нивото на кортизол, хормонот на стрес, почнуваат да паѓаат. Вашиот мозок почнува да произведува мелатонин, хормон што ви е потребен да се чувствувате поспано. Според едно истражување од 2019 година, 22:10 часот е најдобро време да ги исклучите светлата. Луѓето кои легнуваат да спијат во ова време имаат најдобра рутина за спиење и тоа создава поздрави навики во исхраната. Од нив, 82% се придржувале на режимот на исхрана и вежбање, а на 74% им било и полесно да одржуваат здрава телесна тежина. Ова време овозможува длабок сон и треба да ви овозможи да спиете 8 часа во текот на ноќта. Но, тоа не значи дека ова ќе функционира кај сите. Навикнувањето на начинот на спиење што најмногу ви одговара е најдобрата стратегија. Некои луѓе се склони да бидат ноќни птици, додека други претпочитаат да си легнат рано и да станат рано. Ако не се чувствувате поспани до полноќ, немојте да се присилувате да си легнете во 22 часот со надеж дека ќе се разбудите посвежи. Најдобар совет е да го одредите времето што најмногу ви одговара и обидете се да се придржувате до него.
На пример, ако треба да станете во 8 часот наутро, најдобро е да легнете во 22:46, 00:16, 01:46 или 03:16 часот. Ако сакате да знаете кога е идеалното време да легнете да спиете, пробајте го овој калкулатор за спиење. Тој ќе ви помогне да пресметате кога треба да легнете да спиете во зависност од тоа кога треба да се разбудите.
Будење

Нема ништо подобро од чувството кога се будиме наспани, одморени и подготвени за нови авантури и задачи.
Спиењето е важно за енергија, влијае на состојбата на кожата, го намалува стресот и ризикот од сериозни здравствени проблеми како што се дијабетес и срцеви заболувања. Сепак, со доаѓањето на есента и скратувањето на дневните часови може лошо да се одрази на сонот, а еве како да го спречите тоа.
Промената на должината на денот дополнително влијае на будењет. Истражувањата покажаа дека најдобро време да станете и да го започнете денот е кога изгрева сонцето. За нашата земја овој момент во октомври се случува помеѓу 6:30 и 7:30 часот наутро, па може да биде приближно време.

Што се однесува во перидот помеѓу 17:30 и 18:15 часот, научниците го препорачуваат тој момент како добар избор за завршување на работата и започнување на слободното време и одмор. Се разбира, не е секогаш можно да се приспособат работното време и обврските на таков распоред, но важно е да се координирате барем кога станувате. Се разбира, најважното нешто овде не е да се биде строг на минута, туку да се слуша вашето тело и неговите потреби. Изгревањето и заоѓањето на Сонцето сè уште имаат влијание врз нашиот внатрешен часовник и состојбата на организмот, без разлика колку сме свесни за тоа или не. Затоа не е лоша идејата да обрнете внимание на сето ова, бидејќи можеби оваа есен ќе спиете многу подобро.