Често слушаме за луѓе со „компромитиран имунолошки систем“ кои се изложени на поголем ризик од заразување. Што всушност значи „компромитиран имунитет“, освен фактот дека сте поподложни да се разболите?
Имунолошкиот систем е комплексна мрежа на клетки, ткива, органи и супстанции што тие ги создаваат, а кои му помагаат на телото да се бори против инфекции и други болести; вклучува бели крвни зрнца, органи и ткива на лимфниот систем, како што се тимусот, слезината, крајниците, лимфните јазли, лимфните садови и коскената срцевина.
Што е силен имунолошки систем?
Силниот имунолошки означува, пациент кој има јак, ефикасен и моќен адаптивен и вроден имунитет; двата имунитети работат заедно за да се заштитат себеси од надворешни напаѓачи. Водењето здрав начин на живот го зајакнува имунолошкиот систем на многу начини. Вообичаено луѓето на возраст меѓу 10 и 50 години имаат посилен имунолошки систем во споредба со доенчињата и постарите лица. Други фактори кои придонесуваат за силен имунолошки систем вклучуваат помал стрес и добар сон.
7 фази од животот (Фази на промена на имунитетот)
Имунолошкиот систем се менува во текот на нашиот живот. Седум фази од животот преку кои може да се направи аналогија со фазите на имуниот систем може да ги пресликаме од Шекспировата драма „Како ви се допаѓа“, која дава една интересна слика за животнито циклус. Секој „чин“ од оваа драма, може да се поврзе со различните фази во животот и со функционирањето на имуниот систем.
Еве ги седумте фази на човекот, кои се асоцираат со развoјот на имунолошкиот систем со текот на времето:
- Беспомошно новороденче (слаб имунолошки систем)
- Ученикот што кука (развива имунолошки систем)
- Емоционален љубовник (силен имунолошки систем)
- Посветениот војник (силен имунолошки систем)
- Мудриот судија (добар имунолошки систем)
- Старецот кој сè уште ги контролира своите способности (слаб имунолошки систем)
- Екстремно остарено (слаб имунолошки систем)
Во некој аспект, имунолошкиот систем на постарите лица наликува на оној на новороденчето поради намалената активност на неутрофилите и макрофагите, а донекаде и со компромитираните адаптивни лимфоцитни одговори. Затоа, и многу младиот и стариот имунолошки систем се справуваат на сличен начин со одредена инфекција. Исто така, се чини дека еволуцијата на човекот и неговиот имунолошкиот систем го штити младиот организам со обезбедување оптимален имунолошки одговор.
Кога е слаб имунолошкиот систем?
Имунолошкиот систем може да се смета за „слаб“ поради возраста на лицето, ако некој е компромитиран со здравјето поради медицински проблем или ако зема лекови што го намалуваат имунолошкиот одговор. Исто така, во ситуации кои може да се контролираат, лошиот избор на начин на живот, како што е пиењето премногу алкохол или пушење преголема количина на цигари, може да резултира со ослабен имунолошки систем. Преку тестирање на крвната слика може да утврди колку добро функционира имунолошкиот систем, со определување на нивото на имуноглобулини, на пример, кои се протеини кои се борат против инфекцијата. Тестот исто така ќе ги спореди нивоата на белите и црвени крвни зрнца за да открие каква било можна слабост во вашиот имунолошки систем.
3 начини да го зајакнете вашиот имунолошки систем
- Вежбање
Сите знаеме дека вежбањето е добро. Зголемената кондиција може да го зајакне имунолошкиот систем, а за возврат, ке се зајакне неговата способност да се бори против настинки и инфекции. Во едногодишно истражување, истражувачите откриле дека пешачењето по половина час дневно може да ги намали шансите за настинка на половина. Вежбањето го зголемува бројот на белите крвни зрнца, особено Т-клетките кои се основни клетки за зајакнување на имунитетот. Важно е да се напомене дека вежбањето е превентивна мерка. Може да биде премногу напорно за вашето тело да вежбате кога имате инфекција.

- Храна која учествува во зајакнување на имунолошкиот систем
Храната што ја јадеме значително влијае на нашето здравје. За да го зајакнете вашиот имунолошки систем, обидете се да вклучите некои од овие десет намирници за зајакнување на имунолошкиот систем:
- Боровинки
- Бел или црн пипер
- Темно чоколадо
- Куркума
- Мрсна риба
- Брокула (особено никулци од брокула)
- Сладок компир
- Спанаќ
- Ѓумбир
- Лук

- Хранливи компоненти кои можат да учествуваат во зајакнување на имунолошкиот систем
- Витамин А – се користи низ телото и промовира здрав имунолошки систем. Извори на витамин А вклучуваат слатки компири, темно зелен лиснат зеленчук, моркови, алги и масло од црн дроб.
- Витамин Ц – може да помогне во поддршката на клеточните функции потребни на имунолошкиот систем, особено отстранувањето на слободните радикали од телото. Извори на витамин Ц вклучуваат портокали, сок од портокал, брокула, домати, киви и црвени пиперки.
- Витамин Д – ги зајакнува клетките и им дава способност да се борат против болестите. Витаминот Д треба да потекнува од сончева светлина и збогатената храна, но и додатоците во исхраната се советува да се користат во текот на зимските месеци.
- Цинк – игра централна улога во имунолошкиот систем, вклучувајќи заштита од патогени. Цинкот е исто така е антиоксиданс кој може да помогне во рамнотежата на клетките. Извори на цинк вклучуваат морска храна, наут, тиква и семки од сончоглед.
- Пробиотици – Два вида на Lactobacillus работат синергистички во комбинација за да го поддржат отоларингеалното здравје и целокупниот имунитет. Клиничкото тестирање беше спроведено во Болницата на Институтот за отоларингологија при Академија на медицински науки, во Киев, од 2002-2006 година, за Државната програма „Нови пробиотици за отоларингологија“. кое покажа дека овие пробиотици имаат високи нивоа на антагонистичка активност кон микробите кои најчесто се среќаваат кај хронични и рекурентни инфекции на ОРЛ.
Наместо заклучок
Вашиот имунолошки систем се развива со текот на времето и се прилагодува на околината. Може да се направат многу избори за начин на живот кои помагаат да се зајакне имунолошки систем, како што е избалансирана исхраната и доволно вежбање. Но покрај тоа, голем број на дополнителни хранливи материи се особено добри за промовирање на здрав имунолошки систем, како што се: цинк, витамин Д, витамин А, витамин Ц и пробиотици.