Што е женшен?
Женшенот е растение, поточно корен од растението Panax sp. Различни сорти на корен од женшен се користат како третмани во Азија и Северна Америка со векови, а тој е еден од најпопуларните хербални лекови во светот. За позитивните ефекти од употребата на корен од женшен се знае уште одамна, а во сите денешни диетарни планови употребата на овој корен е неизбежна.
Здравствени придобивки од употреба на женшен
Постојат два главни типа на женшен: азиски или корејски женшен (Panax gingseng) и американски женшен (Panax quinquefolius). Студиите покажаа дека различните видови имаат различни придобивки. Во традиционалната кинеска медицина, американскиот женшен се смета за помалку стимулирачки од азиската сорта. Иако многу други билки се нарекуваат женшен – како на пример елеутеро или сибирски женшен – тие не ја содржат активната состојка на женшенозид. Женшен традиционално се користи за голем број медицински состојби:
- Јакнење на имунитет. Медицински студии покажаа дека женшен може да го зајакне Вашиот имунолошки систем. Постојат докази дека еден вид екстракт од американски женшен може да ја намали честотата на појавување, како и тежината на симптомите при настинки кај возрасните.
- Регулирање на шеќерот во крвта. Студии кај пациенти покажаа дека женшен може да го намали нивото на шеќер во крвта, со тоа делотворно да делува на регулирање на гликемијата кај пациентите.
- Подобрување на концентрацијата и фокусот. Постојат некои докази дека женшен може да даде краткорочен поттик на концентрацијата и учењето. Некои студии за менталните перформанси го комбинираа женшен со екстракт од лисјата на гинко, уште еден традиционален лек за кој се вели дека помага при деменција и го потврдија синергистичкиот ефект.
Женшенот исто така е проучен како начин за подобрување на расположението и зајакнување на издржливоста, но значителна е и неговата улога во третманите на:
- рак
- срцева болест
- замор
- еректилна дисфункција
- хепатитис Ц
- висок крвен притисок
- менопауза
Дозирање на жен шен
Стандардни дози на дозирање за женшен не се воспоставени за ниедна состојба. Квалитетот и активните состојки во додатоците може многу да се разликуваат од производител до производител. Затоа секогаш купувајте женшен од доверлива компанија. Бидејќи е скап корен, постои ризик дека некои производители може да користат женшен од сомнително потекло или да содржат значително помалку од декларираната количина.