КОЕНЗИМ Q10: ЕФИКАСНА КОМПОНЕНТА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Untitled design

Коензим Q10 (Co Q10) е супстанца која му помага на телото да ја претвори храната во енергија. Коензим Q10 е ефективна хранлива материја која помага во зајакнување на имунитетот бидејќи е природен антиоксиданс, тој игра важна улога во одбраната на организмот преќу отстранувањето на слободните радикали од нашето тело. Ако не се контролираат, слободните радикали можат да ги оштетат клетките на нашиот имунолошки систем.

3 начини на кои Коензим Q10 го штити Вашиот имунолошки систем

  • Ја намалува штетата предизвикана од слободните радикали врз имуните клетки.
  • Ја намалува штетата предизвикана од слободните радикали врз комуникациски врски на различните клетки на имунолошкиот систем.
  • Ги зачувува имуните клетки (макрофаги) од оштетување, макрофагите се одговорни за уништување на патогени или агенси кои предизвикуваат болести.

Причини за недостаток на Коензим Q10

Во нормални околности, нашето тело произведува доволно Коензим Q10 за да ги задоволи неговите потреби. Сепак, недостаток на Коензим Q10 може да се јави поради:

  • Процес на стареење: како што телото старее, тоа произведува помалку Коензим Q10.
  • Недостаток во исхраната: На Коензим Q10 му треба комбинација од седум витамини (витамин Б2 – рибофлавин, витамин Б3 – ниацинамид, витамин Б6, фолна киселина, витамин Б12, витамин Ц и пантотенска киселина) за да се синтетизира во телото.
  • Осиромашување на достапноста на хранливи материи заради употреба на лекови: Телото може да изгуби Коензим Q10 како несакан ефект од употребата на некои лекови. На пример, намалувањето на Коензим Q10 е еден од несаканите ефекти на метформин, како и глимепирид, двата лека против дијабетес.
  • Зголемено потреба за Коензим Q10: Ова може да се случи поради болест или повреда.
  • Генетски дефект во телото: Таков дефект може да го спречи телото природно да синтетизира Коензим Q10. Додека човечкото тело природно го синтетизира Коензим Q10, можете да го добиете и од надворешни извори.

Храна богата со Коензим Q 10 вклучува:

  • лосос,
  • говедско месо,
  • пилешко,
  • кикирики,
  • сусам,
  • јагоди,
  • брокула,
  • карфиол итн.

Исто така можете да се одлучите и за употреба на додатоци на исхраната кои восвојот состав содржат Коензим Q10. Секогаш внимавајте насоставот и производителот на додатоците во исхраната, бидејќи само на таков начин ќе бидете сигурни дека количините кои ги внесувате ги задоволуваат Вашите дневни потреби. Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт за да ја дознаете потребната доза на Коензим Q10 во додатоците.