Како го решив проблемот со отечени нозе и проширени вени

Untitled-design-1-qbx1rbjau7yonruw3rr886n4f8ta8kspe6drh7n1ps

Покрај повеќето здравствени проблеми кои ги добив со покачувањето на мојата телесна тежина, беше и проблемот со тешки и отечени нозе. Почнав да ја губам способноста за нормално функционирање, имав отежнато и екстремно бавно движење. Циркулацијата во долните екстремитети почна сериозно да ме плаши.

Пробав да најдам решение со различни препарати. Секое утро мачкав креми кои одземаа многу време и средства. Го користев секој медицински лек, како и додатоци во искрана, но не видов некое значително подобрување. Повеќето од нив делуваа моментално, но не и тераписки долготрајно.

Тогаш, почнав да истражувам како можам преку храна да го решам проблемот и се ставив на режим на исхрана, за почеток едномесечен. Диетата требаше да трае еден месец и вклучување храна од неживотинско потекло. Јајца и млеко и млечни производи исто така, требаше да бидат исфрлени од конзумација.

На почеток ми беше многу тешко. Нездравата храна е секаде околу нас и најлeсно достапна. Упорноста беше клучна, бидејќи се подразбира, морав да сменам се што е поврзано со храна и пијалоци. Најтешко ми беше првата недела, во периодот на адаптација, кога морав да ја прескокнам дури и салатата со сирење и кафето со млеко. Но, дури и во првата недела, веќе почнав да чувствувам олеснување. Движењето сеуште ми беше ограничено и тешко, но ја немаше отеченоста во нозете.

После три недели реализирање на режим на исхрана, го почувствував олеснувањето од тешки нозе. Диетата требаше да ја применувам еден месец, но поради придобивките од истата, решив да продолжам со новиот начин на исхрана.

Денес можам да кажам дека се осеќам одлично. Значително ја намалив телесната тежина, што нормално придонесе за подобро функционирање на целиот организам. Изгледам добро здраво и навистина тоа што го јадеме, тоа и сме.

Фарм. Тех. Наташа Велкова