Ефикасноста и доброто расположение на работа често зависат од исхраната. Современиот начин на живот носи нови предизвици. Работното време се зголемува, работата е пообемна, а нашите капацитети остануваат исти. Со избирање на вистинската храна и распоредување на оброците во текот на денот, ќе направите многу за вашето здравје и ќе си ја обезбедите потребната енергија во вашето тело.
Распоред на оброци во текот на работниот ден
Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Не го прескокнувајте и обидете се да појадувате здраво пред да одите на работа. Во случај на лоша организација или потешкотии со првиот оброк дома, одлучете подготвениот појадок да го однесете на работа. Изберете здрава храна, во исто време диетална и нутритивно вредна. Избегнувајте пекари, закуски или ресторани за брза храна. Овој начин на исхрана ве одржува сити и подготвени за сите предизвици. Во никој случај не го прескокнувајте појадокот.
Оброк или ужина на работа
Кога ќе огладнете после појадокот, следниот оброк е за време на пауза за ручек. Користете го паметно и не посегнувајте по брза храна од блиските маркети или сендвичари што ви се при рака. Овој оброк треба да биде избалансиран и лесен, а богат со јаглехидрати и добри масти кои обезбедуваат доволно енергија во текот на денот. Тоа може да бидат интергални тестенини, ориз и разни видови зеленчук. Секогаш земајте поголема порција салата.
Ако немате доволно време да подготвите оброк или вашата работа е премногу напорна за да размислите што ќе јадете, направете сендвич наутро. Се подготвува многу брзо, а најважно е да биде од интегрален леб, намази со малку маснотии, зеленчук по избор или туна. Гладот можете да го задоволите и со грст јаткасти плодови, јогурт со малку маснотии или овошје по ваш избор. Избегнувајте газирани пијалоци и кафе во големи количини. За течности се препорачуваат свежо цедени сокови и вода.
Брзи рецепти:
Чиа пудинг од банана и путер од кикирики

Пробајте го овој брз рецепт со вкус на појадок за десерт, ако десертот е здрав. Сè што ви треба е љубов – во форма на чиа семе, банана, малку путер од кикирики и млеко. И време: пудингот може да се остави во фрижидер четири часа, но може да отстои и преку цела ноќ
Состојки:
-2 банани
-1/2 шолји млеко со малку маснотии
-1/2 чаша природен путер од кикирики
-3 лажици чиа семе
Подготовка:
Изблендирајте ги бананата, млекото и путерот од кикирики. Префрлете ја смесата во чинија и измешајте ги со чиа семето. Покријте со фолија и оставете го во фрижидер 4 часа или преку ноќ.Пред сервирање измешајте ја смесата.

Мафини со јајца за појадок
Конечно мафини без шеќер. Едноставни се за правење – одлични за ГРАБНИ И ЈАДИ.
Состојки:
- 6 јајца
- сол и бибер
- 1/2 чаша сварен сецкан спанаќ
- 1/3 чаша рендан чедар
- домати исецкани на коцки и сецкан магдонос по избор
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Калапот за мафини премачкајте ги со масло за готвење или обложете со хартиени облоги.
Изблендирајте ги јајцата, додадете ги спанаќот и чедарот во смесата со јајцата и измешајте да се соединат. Смесата од јајца поделете ја рамномерно во калапите. Печете 15-20 минути или додека не се испече јајцето.Послужете веднаш или чувајте го во фрижидер. Одозгора се ставаат доматите исецкани на коцки и по желба магдонос.
Совет: Откако ќе се изладат, чувајте ги во фрижидер. Може да се загреат во микробрановата во вашата канцеларија (Извинете што мириса толку добро колеги 🙂 ).