Еден од најчестите дигестивни проблеми е синдром на иритабилен колон (IBS) или синдром на нервозни црева. Етиолошки нема структурни ниту лабораториски промени така што овој синдром на “нервозни црева“ или колон иритабиле не го загрозува животот на пациентит и претставува едно функционално нарушување, меѓутоа припаѓа на нервни колонопатии. Тоа е збир на заболувања на кои влијаат различни фактори поврзани со начинот на живот, исхраната и чувствителноста на организмот.
Појавата на овој синдром обично се совпаѓа со состојбата после една инфекција или психички стрес. Не постои дефинитивна причина за овој синдром, но се смета за една од најтипичните болести чија непосредна причина е силниот стрес (се претпоставува дека е првенствено психогена по природа), а постојат и хипотези за влијанието на намален имунитет, како и нарушувањата на цревната флора.
Главните симптоми се:
- Стомачна болка
- Дигестивни нарушувања – дијареа и/или запек
- Појавата на слуз во столицата
- Чувство на нецелосно празнење на цревата
- Надуеност и гасови
- Депресија или анксиозност
Важно е да се напомене дека индивидуален пациент може да има еден или повеќе симптоми во исто време и дека интензитетот, видот и времетраењето на симптомите може да се разликуваат во текот на животот.
Исто така, важно е да се знае дека дијареата (IBD) кај IBS никогаш не се јавува навечер.
Кои тестови треба да се направат за да се дијагностицира IBS?
Дијагностицирањето на синдромот на иритабилен колон понекогаш може да биде проблематично, бидејќи симптомите можат да бидат слични на други болести (целијачна болест, некои инфекции и паразитози, воспалителна болест на цревата, хроничен запек и многу други). Не постојат лабораториски тестови или испитувања кои би докажале дека станува збор за синдром на нервозно црево.
Обично, дијагнозата на овој синдром се поставува со исклучување на други болести спрема дијагностичкиот алгоритам. Покрај лабораториските и микробиолошките испитувања се препорачува и колоноскопски преглед за постари лица над 50 години.
Како се лекува IBS? Дали има некои лекови за лекување?
Синдромот на иритабилен колон е многу непријатна болест и не е резултат на нетолеранција на одредена компонента на храната, туку се јавува како резултат на силен стрес, а почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. Бидејќи може да биде поврзан со различни причини, синдромот на иритабилен колон нема строго дефиниран метод на лекување. Се советуваат неколку методи, во делот на промена во исхраната и начинот на живеење, а со оглед на нивната ефикасност, можно е да се открие што всушност го предизвикало овој проблем. Многу е важна хигиенско-диететската исхрана која вклучува внесување здрава храна и помали и почести оброци.
При доминантна констипација се користат лаксативи, а при доминантна дијареа се користат антидијареални лекови. Може да се користат лекови кои влијаат на серотонинот, како што се лекови кои го стимулираат неговото лачење (агонисти) при доминантна констипација и антагонисти на серотонин при дијареа.
Спазмолитици, како што се атропин и мебеверин, може да се користат за тешки стомачни грчеви со болка.
Се препорачува:
- Внес на здрава храна – ферментирана храна како домашен кефир и домашна кисела зелка, како и храна богата со омега-3 масни киселини – свежа риба, месо, јајца итн.
- Внес на пробиотици – покрај природните пробиотици, во случај на зголемени дигестивни проблеми, корисно е да се земаат пробиотици неколку пати на ден како додаток во исхраната. Сепак, иако ги смируваат симптомите на IBS, пробиотиците делуваат бавно и постепено.
- Намалување на стресот – синдромот на иритабилен со право се нарекува цревна нервоза или синдром на нервозно дебело црево. Дигестивните проблеми се тесно поврзани со стресот, анксиозноста, депресијата и нервозата и понекогаш е тешко да се одреди која е причината, а која е последицата. За да се решат проблемите во двете насоки, покрај правилната исхрана, потребно е максимално влијание за намалување на стресот во секојдневниот живот.
- Советување / психотерапија – поради евидентното влијание помеѓу менталниот статус и синдромот на нервозно дебело црево.
Која храна треба да ја избегнувам ако имам IBS?
- Храна која содржи глутен – тешко сварлив протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта, спелта и сите нивни производи (пекарски производи, житарки, крекери, тестенини…). Оваа храна може да се замени со житарки без глутен, како што се леќата, овесот, оризот, пченката и просото. Во случај на поголема чувствителност, се препорачува да се избегнуваат сите житарки и мешунки.
- Јаглехидрати – затоа што го поттикнуваат растот на лошите бактерии во цревата и предизвикуваат надуеност, дијареа или констипација. Се препорачува да се елиминираат сите вештачки шеќери и одредени видови на овошје и зеленчук како цреши, круши, праски, сушено овошје, зелка, кромид, јаткасти плодови итн.
- Млеко и млечни производи – избегнувајте ги сите млечни производи, вклучително и храната подготвена со млеко. Млекото со лактоза може да се замени со млечни напитоци без лактоза.
- Кофеин, алкохол, газирани пијалоци, зачинета и мрсна храна – познато е дека овие намирници имаат иритирачки ефект врз целокупниот дигестивен систем и треба да се избегнуваат во случај на било какви тегоби.
Дали има некои вежби кои можат да ја намалат надуеноста?
- Редовна физичка активност, вежби за дишење, јога
- Велнес, масажи
- Одвојување време за одмор
Која е улогата на пробиотиците во третманот на IBS?
Во последно време во научните кругови големо внимание се посветува на МИКРОБИОМИТЕ / МИКРОБИОТИТЕ, кои се збир на сите микроорганизми кои живеат на и во човечкото тело. Од моментот на раѓање на човекот, тие се населени со микроорганизми (добри и лоши), а повеќето од нив се во цревата (околу 2 кг или околу 5 милијарди). Составот на микроорганизмите кои живеат заедно со нас е специфичен за секој поединец. Главната задача на оваа заедница е да го зачува здравјето на луѓето. Поради штетните фактори на животната средина, стресот, земањето лекови, особено антибиотската терапија и како старееме, врската помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии може да се наруши, што резултира со дисбиоза (нарушена цревна флора). Во денешно време, оваа состојба се смета за одговорна за многу болести, па постојат претпоставки дека оваа состојба е значаен етиолошки фактор во развојот на IBS.
Покрај природните пробиотици потребно е да се земаат пробиотици како додаток во исхраната. Иако ги смируваат симптомите на IBS, пробиотиците делуваат бавно и постепено и потребно е долго време за да се манифестира нивниот ефект. Треба да се напомене дека пациентите не треба се откажуваат од третманот и да бидат трпеливи додека не се појават резултатите кое може да биде после еден месец од употребата. Исто така, многу е важно да се изберат квалитетни пробиотици со доволна концентрација на бактерии и точно одбрани соеви.