ПРОБИОТИЦИ ЗА ПОМОШ ПРИ СЛАБЕЕЊЕ

ПРОБИОТИЦИ ЗА ПОМОШ ПРИ СЛАБЕЕЊЕ

Дебелината – тивка епидемија на денешницата

Дебелината станува се посериозен проблем за човештвото, пособено кога станува збор за:

  • Застапеност на секој трети човек
  • Поврзаност со развој на сериозни болести (дијабетес тип 2, хипертензија, разни кардиоваскуларни патологии, безалкохолен замастен црн дроб итн.)
  • Причина за недостаток на самодоверба и извор на психички проблеми, особено кај помладите.

Дали затоа човештвото се повеќе се дебелее?

Проблемот е комплексен, но во најголем дел директно или индиректно е поврзан со денешниот начин на живот:

  1. Конзумирање високо енергетска храна
  2. Големи/ обилни порции
  3. Физичка неактивност
  4. конзумирање на храна богата со шеќери
  5. Внес на вештачки засладувачи.

Како се поврзани цревните бактерии и зголемувањето на телесната тежина?

Според клиничките испитувања, кај обезните луѓе во цревната микробиота (бактерискиот состав) доминираат бактерии од видот Firmicutes, додека нивото на бактерии од видот Bacteroidetes е намалено, во споредба со луѓето кои имаат нормална телесна тежина. Прехранбените навики играаат клучна улога во составот на микробиотата. Се верува дека луѓето со предиспозиција за обезност имаат таков состав на микробиоти кој промовира поефикасно складирање на енергија од храната што ја внесуваат, во споредба со микробиотата на слабите луѓе. Значи, едноставно кажано, зависи од бактериите во цревата колку енергија ќе се „прими“ од она што го јадете. Одличен пример е приказната за 32-годишна жена која имала тешка инфекција со бактеријата Clostridium difficile. Предложената процедура за третман било фекална трансплантација од донор. Иако самата процедура била успешна, забележана била нуспојава кај жената која претходно имала нормална телесна тежина и не ги менувала животните навики  во наредните 16 месеци од третман почнала да се дебелее и достигнала точка на дебелина. Донорот била всушност нејзината ќерка, која исто така била со прекумерна тежина, па со помош на фекална трансплантација, нејзиниот специфичен состав на микробиотата преминал на мајката и промовирал зголемување на телесната тежина.

Пробиотиците како помош во диетата

Кога некој ќе одлучи да се бори со прекумерна тежина, обично не е доволно само да ја намали количината на внес на храна, туку и да го промени видот на храната што ја конзумира. Зголемениот внес на овошје, зеленчук или храна што е помалку индустриски преработена може да придонесе во промена на составот на микробиотата или да го промени балансот на бактериите во цревата со поттикнување на растот и развојот на бактериите кои се типични за послабите луѓе. Сепак тоа е долготраен процес, па затоа се повеќе се препорачуваат пробиотици кои ги содржат овие бактерии, со цел да се забрза процесот.

Ефектите што ги имаат пробиотиците врз метаболизмот се многубројни:

  1. Дејство на цревниот ѕид, чија пропустливост може да се зголеми поради храна богата со масти.
  2. Намалување на воспалителните процеси, кои значително влијаат врз метаболичките активности.
  3. Регулирање на хормоналниот одговор на гастроинтестиналниот тракт.
  4. Намален апетит и зголемен адипонектин (хормон со антиинфламаторно дејство).
  5. Зголемување на толеранцијата на глукоза, намалување на холестеролот.

Употребата на пробиотици и пребиотици може да послужи како помошна терапија во превенција и третман на дебелина, отпорност на инсулин, дијабетес тип 2 и безалкохолен замастен црн дроб. Истражувањата покажуваат дека пробиотиците и пребиотиците доведуваат до значително намалување на абдоминалното масно ткиво и индексот на телесна маса, го подобруваат метаболизмот на јаглени хидрати и го намалуваат метаболичкиот стрес кај пациенти со дијабетес и инсулниски резистентни.

Кој пробиотик треба да се избере за поефикасна диета?

Пробиотик кој содржи комбинација на пробиотски бактерии за кои е клинички докажано дека имаат позитивен ефект врз слабеењето, регулацијата на оксидативниот стрес и липидниот профил. Во тие пробиотски култури спаѓаат: Enterococcus Faecium, Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum, Bifidobacterium bifidum.

Покрај пробиотските култури треба да содржи и пребиотик – влакна кои служат како храна за пробиотските бактерии и им помагаат да преживеат во цревата, како и комбинација на витамини Ц, Е, А, Б1, Б2 и Б6, кои ќе го поддржат телото за време на диетата. Исто така при изборот на пробиотик треба да се внимава за која генерација на пробиотици станува збор. Препораката е да бидат 4та генерација на пробиотик со двојно обложување кој овозможува 100 пати повеќе пробиотски бактерии да преживеат во цревата од необложените пробиотици.
За позитивен ефект врз слабеењето, се препорачува континуирана употреба неколку месеци.