Најчеста форма на артритис (воспаление на зглобовите) е остеоартритисот и погодува милиони луѓе ширум светот. Oстеоартритисот е состојба што го зафаќа целиот зглоб вклучувајќи ги коската, ‘рскавицата, лигаментите и мускулите. Иако остеоартритис често се опишува како „истрошеност од годините“, денес се мисли дека тој настанува како последица на тоа што зглобот исклучително многу се напрега да се поправи сам. Се јавува кога заштитната ‘рскавица на краевите на коските се влошува со текот на времето, прекумерното абење или по повредa. Остеоартритисот на крајот може да доведе до целосно губење на ‘рскавицата, деформитет на зглобовите и инвалидитет. Откако ќе започне, болеста трае цел живот.
Фактори што може да го зголемат ризикот од остеоартритис се:
- Возраст – со годините се зголемува ризикот од остеоартритис.
- Генетска предиспозиција
- Деформитети на коските
- Пол – Жените се поподложни на остеоартритис за разлика од мажите.
- Зголемена телесна тежина – на неколку начини го зголемува ризикот од остеоартритис. Прекумерната телесна тежина создава дополнителен притисок и стрес на зглобовите. Исто така, масното ткиво може да продуцира протеини кои предизвикуваат воспаление околу зглобовите.
- Повреди на зглобовите – особено повторувачките спортски трауми врз одреден зглоб може да придонесат за развој на остеоартритис.
- Други болести и состојби – дијабетес и други ревматски болести како ревматоиден артритис може да го зголемат ризикот од остеоартритис.

Остеоартритисот може да вклучува:
- Воспаление на ткивото околу зглобот;
- Оштетување на зглобната ‘рскавица – тоа е заштитниот мек слој на краевите на вашите коски што овозможува зглобовите мазно да се движат;
- Коскени израстоци што растат околу работ на зглобот;
- Уништување на лигаментите (цврстите нишки што ги држат вашите зглобови споени) и на тетивите (нишките што ги поврзуваат мускулите со коските).
Третман - Физикална терапија – Преку одредени физикални процедури кои имаат аналгетско и антиинфламаторно дејство како и со зајакнување на одредени групи мускули со што се зголемува опсегот на движење и се намалува болката
Светските и европските здравствени упатства препорачуваат доза од 1.500 mg глукозамин и 1.200 mg хондроитин дневно да се користи во третманот на остеоартритис.
Глукозаминот и хондроитинот најдобро е да се земаат заедно, во комбинација.
Производи со врвен квалитет се тие што имаат иделана формулација од 1500 mg глукозамин, 1200mg хондроитин и 600mg MSM, за 1500mg активен глукозамин да поседуваат сертификат и да не содржат писхотропни, наркотични и токсични супстанци.
Третманот на остеоартритис со глукозамин и хондроитин треба да се започне во блага до умерена фаза на болеста, со други зборови што е можно поскоро. Ова ќе ја запре болеста во порана фаза и ќе го зачува зглобот.
Доколку болеста е многу напредната, ефектот што може да се постигне со ваквите препарати е ограничен, бидејќи не постои ‘рскавица во која може да се вградат градежните состојки. Во такви случаи, консултирајте се со лекар за понатамошен тек и протокол на третман.