Развојни нарушувања (ADHD, аутизам…) и Омега 3 масни киселини

Untitled design (28)

Адекватниот внес на омега-3 масни киселини (EPA и DHA) е од фундаментално значење за пренаталниот и постнаталниот развој на мозокот. Истражувањата сугериираат дека комбинациите на DHA и EPA даваат придобивки во состојби како што се намалено внимание и хиперактивност, аутизам, диспраксија, дислексија, агресија, како и психијатриски состојби депресија и слично.

ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) или нарушување со намалено внимание и хиперактивност и ASD (Autistic Spectrum Disorder), односно нарушувања на аутистичниот спектар, се невро-развојни нарушувања кои се почесто се споменуваат бидејќи нивната фреквенција постојано расте и станува се поголем проблем.

Според една студија од 2016 година, децата со ADHD и ASD имале пониски нивоа на омега-3 масни киселини и помал сооднос омега-3: омега-6 за разлика од децата без вакви нарушувања.  

Според резултатите од анализите на студии направени кај деца со ADHD (699 деца), употребата на омега-3 масни киселини доведе до мало, но значително подобрување на симптомите. Прелиминарните резултати од студии спроведени кај деца со аутизам (194 деца) покажуваат прогресија на симптомите на хиперактивност, летаргија и стереотипи.

Допрва треба да се спроведат опсежни истражувања за овие нарушувања, но експертите веруваат дека употребата на омега-3 масни киселини е разумна, дури и со минимални подобрувања, бидејќи во споредба со лековите кои можат да бидат многу агресивни и да предизвикаат штетни несакани ефекти врз децата, омега- 3 масните киселини се додаток во исхраната.