Летото покрај одмори, море и сонце, ни носи и зголемена можност да се разболиме од бактериски и вирусни инфекции. Високите летни температури придонесуваат за развој на разни болести, а можеме да се заразиме преку загадена храна, пиење контаминирана вода и валкани раце. Дијареата е многу честа во летниот период (понекогаш со повраќање), а предизвикувачи се бактериите и вирусите, а во случај на патничка дијареа и паразити.
Внесот на добри бактерии денес е милион пати помал за разлика во минатото. Ова е голем недостаток за сегашноста, имајќи во предвид дека добрите бактерии играат важна улога во одржувањето на здравјето, а врз основа на научни докази им е дадено заедничкото име – пробиотски бактерии, односно пробиотици. Пробиотиците имаат значително влијание врз превенцијата и лекувањето на болестите на дигестивниот систем.
Основната улога на дигестивниот систем е да ја разградува храната на помали компоненти и да ги апсорбира хранливите материи од кои телото може да има корист. Меѓутоа, во исто време, важно е да се елиминираат супстанциите кои се потенцијално опасни за здравјето.
Основата на третманот за летните инфекции е зголемување на течности, орална рехидрациска сол (OРС) и пробиотици. Количината на ОРС зависи од возраста, телесната тежина и степенот на дехидрација. ОРС треба да се воведе веднаш на почетокот на дијареата и да се администрира додека не престане дијареата. Пробиотиците се исто така многу корисни бидејќи е докажано дека го скратуваат времетраењето на дијареата. Тие ја спречуваат колонизацијата на цревата со штетни бактерии, ја менуваат pH вредноста на цревата, ја намалуваат пропустливоста на цревниот ѕид и го подобруваат имунитетот. За превенција од патничка дијареа се земаат 5 дена пред патувањето како и во текот на целото патување. Се препорачуваат оброци кои се состојат од лесна, едноставна храна (исклучете шеќер, зачини, маснотии, тешка храна, млечни производи – освен со пробиотици) и добро е да пиете чај за да ја надоместите изгубената течност.
Кога патуваме во странство, можеме да наидеме на неколку видови храна на кои мораме да бидеме особено внимателни, како на пример на месотот и морската храна, неизлупено овошје и зеленчук, водата од чешма, мразот и млечните производи. Затоа треба да внимаваме на тоа да јадеме само храна која е добро термички обработена (варена, печена) и сервирана топла.
Најбезбедно е доенчињата (под шест месеци) да бидат исклучиво доени. За доенчиња кои се хранат со млечна формула во форма на прав, прашокот треба да се подготви со топла вода чија што температура е над 70°C.
За безгрижно да уживате во годишниот одмор, добро би било со себе да земете и пробиотици. Предност се дава на препаратите кои содржат поголем број на различни пробиотски видови, како комбинација на лактобацили и бифидобактерии.