Овошје и зеленчук што мора ова лето да го имате во вашата чинија

Untitled design (37)

Лето синоним за сонце, море, но и топлина и високи температури. Полесната храна е вистинскиот избор за топлите месеци што претстојат, а овие овошја и зеленчуци се идеални за доведување на телото во рамнотежа за летниот период. Пиењето два литра вода на ден не е единствен начин да бидеме хидрирани, бидејќи околу 20 проценти од течностите ги внесуваме во организмот и преку храна. Овошјето и зеленчукот се богати со вода, но содржат и минерали, витамини и хранливи материи, па покрај одржување на оптимално ниво на течности, ја подобруваат комплетната состојба на организмот и ја регулираат работата на кардиоваскуларниот систем, системот на органите за варење, како и работата на имунолошкиот систем.

Лето е и топлината е во воздухот веќе подолго време, а во вакви ситуации мораме да се заштитиме себеси и своето здравје. Една од многу важните работи при високи температури е секако хидратацијата на телото. Пиењето два литра вода на ден не е единствен начин да бидеме хидрирани, бидејќи околу 20 проценти од течностите ги внесуваме во организмот и преку храна. Овошјето и зеленчукот се богати со вода, но содржат и минерали, витамини и хранливи материи, па покрај одржување на оптимално ниво на течности, ја подобруваат комплетната состојба на организмот и ја регулираат работата на кардиоваскуларниот систем, системот на органите за варење, како и работата на имунолошкиот систем.

Ние ви носиме листа на овошје и зеленчук со висока содржина на вода за време поготово кога температурите не престануваат да растат.

Лубеница– кралица на летото. Ова вкусно, освежително овошје има импресивна содржина на вода од околу 90%, што го прави одлично уживање во овој период од годината. За најсочната, најслатката лубеница, изберете ја тркалезната, тешка и со голема лента и/или светло портокалова дамка. Лубеницата е одлична сама по себе, но има многу други начини да го јадете (или пиете) ова хидратантно овошје. Како на пример овошна салата, смути и слично.

Праските, дињите и јагодите содржат многу вода (од 80 до 92%) и богати се со калиум, па кога електролитите се губат со потење, калиумот и натриумот заедно работат на одржување на нивото на течности во организмот, затоа нивното консумирање помага во регулирање на пулсот и циркулацијата.

Црешите имаат 81% вода, многу освежуваат, содржат и витамин Ц, калциум, калиум и фолна киселина, а, исто така, и пигмент антоцијанин, кој е антиоксидант што ја подобрува работата на мозокот и способноста за помнење, а благотворно дејствува и на кожата штитејќи ја од стареењe.

Краставиците имаат голема содржина на вода дури 96%, јадете ги толку често колку што можете. Како и лубеницата, така и краставицата е вкусна сама по себе или во салата. Поради високата содржина на вода, краставицата е и добар „кандидат“ за цедење и одлично оди со други свежи сокови. Додадете краставица во сендвичи или тост или ладни јадења со тестенини или измешајте ја со зеленчук за летен гаспачо.

Карфиолот содржи околу 92% вода, одличен извор е на влакна, витамини К и Ц.

Целер -околу 95% вода, целерот е уште еден зеленчук кој треба да го додадете во вашето летно мени. Овој зеленчук има и натриум и калиум, па е одлична намирница за надоместување на електролити, кои се губат со потење и физичка активност.

Домат– составен од околу 95% вода, богат е и со антиоксидантот ликопен, кој го намалува ризикот од канцер. Доматите се летна храна во секоја смисла на зборот, врвот им е во лето, сочни се и богати по вкус.

Брокула– е составена од 90% вода, содржат соединенија изотиоцинати, кои ги штитат клетките од оштетувања на ДНК со различни механизми кои ги инактивираат канцерогените.

Тиквички-друга летна храна, тиквичките се околу 90% вода, плус содржат влакна и се богати со антиоксиданси. Друг неконвенционален начин да ги користите тиквичките е да ги исечете и замрзнете, а потоа да додадете парчиња замрзнати тиквички во вашето смути. Тоа не влијае на вкусот, но создава неверојатно мазна и свиленкаста текстура.