Капење за време на циклус?

ашиот долгоочекуван и планиран одмор, а вие веќе првиот ден сте во месечен циклус. Звучи познато

Менструацијата ја добивте токму на денот на вашиот долгоочекуван и планиран одмор. Звучи познато?

Менструацијата не е причина да ги промените вашите редовни активности, вклучувајќи вежбање и пливање. Ако ги исклучиме можните болки и други општи симптоми, крварењето не мора да биде причина што ќе ви го расипе уживањето во одморот.
Неколку митови и совети за капењето во вода за време на менструација

Мит #1: Ќе се извалкате
Можете да пливате кога имате циклус само треба да носите тампон или менструална чаша за крварење.

Мит #2: не е хигиенски
Секогаш е најдобро да носите тампон или менструална чаша додека пливате. Протекувањето е многу малку веројатно, но за да не се случи такво нешто препорака е постојано да се менува тампонот.

Мит #3: Влошување на грчевите
Можеби нема да имате желба да пливате додека имате болни менструации, но вежбањето всушност може да помогне во намалување на менструалната болка. Едно истражување од 70 жени кои имале грчеви во текот на секој циклус (примарна дисменореа), почнале со физичка активност во период од 4 недели и се докажало дека има намалување на болката.  

Мит #4 Менструацијата престанува кога сте во вода
Тоа не е точно, притисокот на водата може да го забави протокот, но менструацијата сепак ќе трае.

Но доколку се соочувате со менструалните грчеви кои се многу болни разговарајте со вашиот лекар. Ова може да биде последица на состојби како што се:

  • Аденомиоза – состојба во која ткивото на слузницата од матката се вградува во околниот мускулен слој, па затоа ја прави менструацијата многу болна и долготрајна.
  • Ендометриоза – нарушување при кое што ткивата слични на оние кои ја ,,прекриваат” матката (ендометриум) ќе почнат да растат надвор од површината на матката.
  •  Миоми – бенигни, неканцерогени тумори на матката кои се развиваат од нејзиниот фибромускулен слој, па така освен како миоми може да ги сретнете и под името фиброми на матката.

Што друго треба да знаете?

Не користете улошки во вода бидејќи не се наменети за капење – впиваат вода. Тампоните може да апсорбираат малку вода, но задолжително сменете ги по капењето. Чашите за менструација обично се направени од гума или силикон, станува збор за флексибилни чаши кои се ставаат во вагината и ја собираат крвта за време на менструацијата. Немаат впивачки својства, па мора да ги извадите, испразните и исчистите. Бидејќи некои менструални чаши може повторно да се користат, тие се поевтини и помалку трошат во споредба со тампони и влошки.

Совет:

  • Доколку сте во циклус одбегнувајте вода која е премногу студена. Жените се многу чувствителни за време на крварењето и полесно може да се случи да настинат јајниците.
  • Размислете за хигиенските услови, пресоблечете се, сменете го тампонот и исушете се.

Потоа опуштете се со добра книга, сончање или разговор со саканата личност.