ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ ЗА ИМУНИОТ СИСТЕМ

Витамини и минерали

Здравјето е највредната работа што ја поседуваме. Бројни прашања лебдат над нас кога се зборува за храната, суплементите и додатоци на исхрана за зајакнување на имунолошкиот систем. Иако е точно дека исхраната игра голема улога во функцијата на имунолошкиот систем, препораките за исхрана, а со цел превенција од акутни болести, не изгледаат многу поинаку од општите упатства за здрава исхрана. Концептот на зајакнување на имунолошкиот систем преку исхрана е погрешен, бидејќи зајакнувањето се однесува на нешто што е стимулирано над нормалното ниво. Добрата исхрана не може да го зајакне имунолошкиот систем, но важно е да се одржи функционален имунолошки систем со избегнување на имунодефициенција поради неухранетост или недостаток на микронутриенти. Важно е да се напомене дека ниту една храна или хранлива состојка нема да ја спречи болеста. Исто така, имунолошкиот систем е неверојатно сложен и под влијание на различни други фактори, вклучувајќи го нивото на стрес, возраста, спиењето и други медицински состојби.

Неколку клучни микронутриенти се идентификувани како критични за растот и функцијата на имуните клетки, вклучувајќи:

  • Железо – Железото е главна компонента на црвените крвни клетки, кои се круцијални за функцијата на имуниот систем. Извори кои се богати со железо се: црвено месо, грав, јаткасти плодови и збогатени житарки за појадок.
  • Витамин А – Витаминот А помага во заштитата од инфекции со тоа што ги одржува здрави кожата и ткивата во устата, желудникот, цревата и респираторниот систем. Храна богата со витамин А е портокалово и црвено овошје и зеленчук како моркови, кајсии и пиперка.
  • Витамин Ц – Витаминот Ц го стимулира формирањето на антитела и производството, функцијата и движењето на белите крвни зрнца. Хранливи извори богати со витамин Ц се агруми како портокали, грејпфрут, јагоди, домати и пиперки.
  • Витамин Д – Витаминот Д помага во регулирањето на антимикробните протеини кои директно можат да ги убијат патогени микроорганизми. Витаминот Д се синтентизира во големи количини преку изложување на сончева светлина, но и преку храна која е богата со овој витамин, како што е: масна риба (лосос), жолчки од јајце и збогатена млечна храна.
  • Витамин Е – Витаминот Е е антиоксиданс, тој ги заштитува клеточните мембрани од оштетување предизвикано од слободните радикали. Изворите на храна која е богата со витамин Е вклучуваат: семиња, јаткасти плодови, растителни масла и путер од кикирики.
  • Цинк – Цинкот е потребен за заздравување на рани и го поддржува имунолошкиот одговор. Цинкот во поголеми количини во храната го има во: месо, цели зрна, млеко, семиња и јаткасти плодови.

Дали ви е потребен мултивитамински или минерален додаток на исхраната?

Главна препорака е луѓето да ги добиваат хранливите материи од храна, наместо од додатоци, бидејќи храната содржи повеќе придобивки во промовирање на здравјето. За повеќето, урамнотежена исхрана ќе обезбеди соодветни количини на исхрана, која ќе одржи силен имунолошки систем. Сепак, кај некои популации на пациенти, како што се бремените луѓе, постарите лица и оние кои се критично болни, не можат да јадат разновидна хранлива храна или имаат зголемени потреби за хранливи материи. Во овие случаи, витаминските и минералните додатоци можат да помогнат да се пополнат празнините во исхраната.

Препорачливо е да се користи мултивитамински или минерален додаток кој обезбедува околу 100% од препорачаната дневна доза и генерално е безбеден. Вашиот лекар или фармацевт може да Ви препорача дополнително внесување врз основа на резултатите од вашите лабораториски анализи или медицинскиот статус. Запомнете дека суплементите не се замена за здрава исхрана, генерална препорака е да се внесува разновидна храна богата со витамини и минерали.