Забележувате дека детето сè потешко се одвојува од вас, а тоа уште повеќе Ве исцрпува.
Тоа е период на таканаречениот ,,страв од разделба”. Станува збор за страв на детето да не се одвои од личноста со која е најмногу e поврзано. Можеби изгледа како чекор наназад, но анксиозноста од разделба е всушност показател дека детето успеало да воспостави здрава врска со родителот, за кое позитивно влијае на социо-емоционалниот развој. Стравот од разделба е најизразен на возраст од 6 до 15 месеци и постепено се намалува до крајот на третата година. Се јавува поради развојот на приврзаноста, која е најважната форма на развој во рамките на социо-емоционалниот развој кај едно лице.
Приврзаноста е силна емоционална врска помеѓу детето и возрасното лице, најчесто мајката, и се изразува преку изразување на среќа и нежност, реакции на страв кога се разделуваат и барање утеха и сигурност во прегратката на родителот.
Потребите на детето во развојот на приврзаноста
Денес е познато дека развојот на приврзаноста произлегува од биолошката потреба на детето за физички контакт со возрасниот, оваа потреба е физиолошки заснована и поврзана со созревањето на нервните структури во мозокот. Затоа се препорачува колку што е можно повеќе да се одржуваат потребите на детето за допир, гушкање и галење, бидејќи тоа ќе доведе до нормален развој на мозочните структури, особено оние делови за центар на емоции.
Главните знаци на воспоставена приврзаност се:
- намалување на фреквенцијата на „социјална насмевка“.
- ограничување на насмевката на негувателот.
- појава на страв од разделба и страв од непознати лица.
Фази на развојот на приврзаноста (според Vasta et al., 1998).
- Фаза пред приврзаност – 0-6 недели – детето го препознава мирисот и гласот на мајката, но подеднакво реагира на сите луѓе околу него. Детето се смирува кога го држат во раце, но не е важно која личност го прави тоа.
- Фаза на формирање на приврзаност – од 6 недели до 6 – 8 месеци – детето почнува да покажува различни реакции кон мајката (негувател), повеќе се гушка и се насмевнува во споредба со другите и побрзо се смирува во нејзините раце, но не покажува никаков страв дека ќе биде одвоен од неговиот негувател.
- Фаза на јасно изразена приврзаност- од 6-8 месеци до 18-24 месеци – започнуваат знаци на јасно изразена приврзаност во форма на протест поради разделба и страв од непознати лица. Негувателката може да го утеши и смири детето на најдобар и најбрз начин.
- Фаза на реципрочна врска – од 18 месеци до 2- 3 години – во когнитивниот развој започнува примената на идеите и говорот, а детето постепено почнува да ја разбира привремената природа на одвојувањето, особено ако негувателката накратко и јасно ја објасни причината за разделбата и како и со кого детето ќе го помине времето на разделба.
Секој од нас возрасните имплицира одредени начини на поздравување при разделбата, меѓутоа кај сопственото дете понекогаш изгледа доста тешко. Во многу случаи детето е разиграно и концентрирано на нешто друго и ни е полесно да си заминеме без да се збогуваме за да не му дозволиме дополнителен стрес кој истовремено влијае и на нас.
Иако на рана возраст децата сè уште не знаат да зборуваат, тие многу брзо ќе почувствуваат и ќе разберат дека негувателката, обично мајката, ја нема и ќе ги манифестираат своите емоции на различни начини, како што се плачење, повлекување и лутина. Но, ако му дозволиме на детето да се збогува за време на разделбата, можеби го избираме потешкиот пат за себе, но на долг рок тоа е подобро за детето. При тие први бурни реакции при разделбата, детето покажува различни емоции на страв и тага. После тоа се смирува и може да се посвети на играта, а емоциите кои долго ги чува во себе без да му објасниме зошто се разделуваме може подоцна да се манифестира во некакво несакано однесување.
Затоа секогаш се препорачува на детето кратко и јасно да му се објасни причината за разделбата и со кого ќе поминува време.